Нестандарден збор - категорија

ваучер повеќе

мн. ваучери
Вид збор: Именка, машки род
Вид на чек со кој се плаќаат услуги.
Англиски: voucher
Примери:
Македонски телеком нуди социјален ваучер од 150 денари.

вири повеќе

вират
Вид збор: Глагол, несвршен
Се гледа само еден дел.
Англиски: peek Српски: вири Албански: përgjoj
Примери:
Пред мене стои завиткана кутија од која вири машната.

водорамен повеќе

водорамниот
Вид збор: Придавка
Што е во хоризонтална положба.
Англиски: horizontal

вонземјанин повеќе

мн. вонземјани
Вид збор: Именка, машки род
Суштество кое потекнува од друга планета.
Англиски: extraterrestrian Српски: ванземаљац Албански: jashtëtokësor
Примери:
Некои шпекулираат дека вонземјани ја посетиле нашата планета.
необично суштество; големо изненадување
Англиски: alien Албански: jashtëtokësor
Примери:
Ме погледа како да сум вонземјанин.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш